Connect with us

Фудбал

Тонали се жалеше дека судијата го оштетил Милан, а Жоргињо „прсна“ од смеење (ВИДЕО)

Милан загуби со 0:2 на домашен терен од Челзи, а фудбалерите и стручниот штаб на италијанскиот тим имаат големи забелешки на главниот судија и неговите одлуки на овој меч. Имено, тој во 18-та минута покажа пенал во корист на Челзи и згора на тоа го исклучи Томори. По ова Челзи играше многу лесно и стигна до рутинска победа од 0:2.

По мечот додека Тонали даваше изјава за медиумите, се пожали на одлуките на судијата и дека се оштетени, а во еден момент во кадарот на камерите е Жоргињо од Челзи, кој се „прсна“ од смеење.