Фудбал
Тотенхем пред потпишување на договор со еден од најголемите англиски таленти
Тотенхем ја победил конкуренцијата и веќе има договор со Фулам за трансфер на младата надеж на Англија – Рајан Сесињон.
За англискиот репрезентативец, кој ќе наполни 18 години по десетина дена, има интерес и францускиот шампион ПСЖ.
За време на кампањата во Чемпионшип дивизијата досега има 15 гола и шест асистенции. Фулам, сепак, пропушти директна промоција во елитата и сега ќе се обиде да се избори за таква преку плејоф, каде што во полуфиналето ривали им се Дерби Каунти.
Сесињон има и брат близнак – Стефан, кој исто така игра за Фулам.