Connect with us

Фудбал

Тотенхем се жали за црвениот картон на Сон, по повредата на Гомеш

Премиерлигашот Тотенхем поднесе жалба за отстранување на напаѓачот Сон Хунг Мин во натпреварот од 11. коло од шампионатот на Англија против Евертон (1:1), пренесува „Гардијан“. Во 79-та минута од средбата, Сон стартуваше врз играчот од средниот ред на Саутемптон, Андре Гомеш, кој налета на друг фудбалер на Тотенхем и при тоа доби фрактура на стапалото.

Првично, судијата Мартин Аткинсон извади жолт картон од џебот, но сериозноста на повредата и ВАР го натераа да се премисли и да му додели црвен картон на Кореецот.

Доколку Англиската фудбалска асоцијација не ја прифати жалбата и го регистрира црвениот картон, тоа автоматски ќе значи дисквалификација на Сон за натпреварите во Премиерлигата против Шефилд Јунајтед, Вест Хем и Бурнемут