Connect with us

Фудбал

Тотенхем со првични информации, Лорис го скршил лактот, најмалку два месеци пауза

Повредата на голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, не е толку тешка како што се сметаше првично. Синоќа „петлите“ излегоа со официјални информации за статусот на францускиот репрезентативец по повредата претрпена во поразот од 0-3 од Брајтон. Лорис има скршен лакт.

Тотенхем додаде дека во наредните денови, Лорис ќе претрпи понатамошни испитувања, што ќе даде поголема јасност за тоа колку долго ќе се опорава. Тој веројатно нема да може да настапи околу два месеци.