Connect with us

Фудбал

Тоти: Роналдо прв фаворит за наградата на ФИФА – фудбалер на 2017 година

Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти смета дека играчот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, е фаворит за наградата на ФИФА за најдобар фудбалер во 2017 година.

Другите номинирани се аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси и Бразилецот Нејмар, кои до неодамна беа соиграчи во Барселона, пред Нејмар да се пресели во Пари Сен Жермен во летниот преоден рок.

-Станува збор за три вонземјани во фудбалот. Отсекогаш сме се почитувале на теренот и пошироко. Но, мислам дека Роналдо е пред другите. Тој имаше неверојатна сезона и ги постигна сите голови со најпрестижните тимови, изјави 41-годишниот Тоти, кој моментално работи како директор во неговиот клуб Рома.

Светската фудбалска асоцијација на 23 октомври на свеченост во „Лондон Паладиум“ ќе го прогласи најдобриот фудбалер за 2017 година.