Connect with us

Фудбал

Трагедија ја потресе Италија, почина млад фудбалер

Андреа Риналди, млад фудбалер на Аталанта, почина по три дена во кома. Тој за време на индивидуален тренинг во својот дом доживеал мозочна аневризма и имал крварење. Бил пренесен во болница, но сепак и покрај големата борба на докторите, не можеле да го спасат неговиот живот. Фудбалерот на Аталанта оваа сезона како позајмен настапувае во Лењано, кој се натпреварува во пониските лиги.

Младиот фудбалер на Аталанта, Андреа Риналди, почина денеска, откако три дена беше во кома поради крвавење во мозокот, објавија италијанските медиуми.