Connect with us

Фудбал

Трагедија: Млад германски фудбалер пронајден мртов во креветот

Голема трагедија го погоди германскиот фудбал откако младиот фудбалер Лука Мајкснер (22) беше пронајден мртов во својот кревет. Овој млад фудбалер настапуваше за петтолигашот ССВ Ројтлинген, со кој се избори за промоција во повисок ранг. Мајкснер беше пронајден мртов во својот кревет за време на празничниот период и паузата во германскиот фудбал.


Мајкснер стигна до првиот тим на Ројтлинген во 2021 година, откако ги помина сите младински секции на овој клуб. Тој е во Ројтлинген уште од раната младост. Клубот со порака на социјалните мрежи се прости од младиот фудбалер, а  за смртта дознале дури во текот на викендот, иако Мајкснер на 27 декември беше пронајден мртов во кревет.

„Во текот на викендот ја добивме страшната вест дека нашиот играч Лука Мејкснер неочекувано почина во петокот, на 27 декември на 22-годишна возраст. Целото семејство на ССВ Ројтлинген е длабоко тажно и шокирано“, се вели во тажното соопштение на клубот.