Connect with us

Фудбал

Трагедија во Албанија! Првиот стрелец во лигата падна на терен и почина, имаше само 28 години!

Рафаел Двамена колабираше на теренот во 24. минута од натпреварот Партизани – Игнација.

Страшна вест пристигнува од Албанија: Рафаел Двамена колабирал на теренот и починал на меч од тамошната прва фудбалска лига!

Натпреварот Партизани – Игнација започна оваа сабота во Тирана во 13 часот и 30 минути. Се играше во 24. минута кога несреќниот Двамена се струполи на тревникот.

Лекарската екипа веднаш влетала, се обиделе да го реанимираат, но немало начин да го спасат.

Двамена беше повремен репрезентативец на Гана (седум настапи, два гола). Тој дојде во Европа пред девет години, во академијата на Ред Бул Салцбург. Играше и во Шпанија, Швајцарија и Данска, а летото оваа година потпиша за Егнатија, албански клуб од околината на Тирана.

Одлично се снајде, со девет гола беше најдобар стрелец во лигата и воедно најзаслужен што Егнатија на денешниот меч со Партизани се сретна на првото место.

За жал, тоа беше и последно во неговиот живот. Имаше само 28 години (роден е на 12 септември 1995 година).