Connect with us

Фудбал

Трампа Кавани-Бензема, решение на проблемите во двете екипи?!

Проблемите во ПСЖ се евидентни, има резултат, но нема тимски дух, и не се знае до кога ќе траат овие феноменални резултати. Кавани е еден од играчите кој трпи голем број на критики во моментов, па доколку одлучи да си замине, ПСЖ ќе се обидат да ги осигура услугите на првиот напаѓач на актуелниот европски клупски шампион, Карим Бензема.

Иако пред неколку дена францускиот интернационалец потпиша нов договор со “кралскиот клуб”, челниците на ПСЖ се подготвени да испратат официјална понуда која нема да биде помала од 70 мил. евра.

Во игра е и опцијата двата куба да договорат размена, односно, Бензема да се пресели во Париз, а Кавани на “Сантијаго Бернабеу”.