Connect with us

Тајмаут

Трендот продолжува во Европа – играат сѐ помалку фудбалери од академиите

Во европскиот фудбал последниве осум години има тренд на намалување на бројот на играчи што настапуваат за клубовите во кои ја поминале младинската кариера, покажа студијата на фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) од Швајцарија.

Така, податоците од 31 земја (во студијата на ЦИЕС не е опфатена Македонија) од првите лиги, покажаа дека во просек во клубовите има најмногу двајца фудбалери во првиот тим или вкупно четири до пет играчи во еден состав на клуб со 25 фудбалери. На врвот на оваа листа со најмногу играчи израснати во клубот за кој настапуваат е Словачка, со просек од 33,4 играчи по клуб, а потоа следуваат Норвешка (26,8), Украина (26,3), Израел (26,1), Австрија (25,2) итн.

ЦИЕС од пред осум години ја надгледува еволуцијата на демографијата на фудбалери во 31 земја, а истражувањето од годинава го потврди трендот на намалување на фудбалери во клупските академии и на зголемување на бројот на заминувања во други клубови. Така, клубовите во просек имаат по 18,5 проценти свои фудбалери во составот (пред осум години тој процент бил 23,2). Згора, процентот на заминати фудбалери сега е 39,7 (првичниот процент бил 34,7).
Овие трендови го наметнуваат прашањето колку далеку овој процес може да оди без да го загрози интересот на натпреварувањата, кредибилитетот на професионалниот фудбал и неговиот одржлив развој во повеќето земји, велат во ЦИЕС.

Г.М. / НОВА МАКЕДОНИЈА