Connect with us

Тајмаут

Тренер доби отказ бидејќи победил 27:0

Интересна вест доаѓа од Италија. Во прашање е младинска конкуренција, тосканско школо за фудбал Инвиктасaуро славеше против ривалите од Марина со 27:0.

Клубот реагираше и веднаш по мечот го смени, односно му врачи отказ на тренерот на победничката екипа Речино. Претседателот на тимот Броѓели изјавил:

-Многу ни е тешко, бидејќи не покажавме почитување. Дадовме 27 голови, а за тоа немаше потреба, тоа не се вредности на спортот. Секогаш треба да се избегне да се понижува противникот. Се извинувам на пријателите од клубот Марина, изјави првиот човек на тимот кој победи.