Connect with us

Фудбал

Тренер на бундеслигаш прекршил карантин да купи козметика

Тренерот на Аугзбург, Хајко Херлих нема да седи на клупата на својот тим на рестартот на германската Бундеслига, поради тоа што го прекршил карантинот. Додека бил во хотелот со неговиот тим, во кој било забрането сите вработени да го напуштат.

Но, Херлих го прекршил тоа правило, и заминал во најблискиот супермаркет за да си набави крема за лице и паста за заби. Потоа сфатил дека направил грешка, и дека ќе мора да биде седум дена во изолација.

Самиот тренер ја признал грешката, и истакна дека е подготвен да ги сноси последиците.