Connect with us

Фудбал

Тренерот на Милан е свесен што значи вчерашната победа

Милан синоќа славеше против Верона со 3:2 по големиот пресврт. Гостите водеа со 2:0, но во второто полувреме Росонерите сепак дојдоа до нова победа.

Подобар старт на Милан не се памети, а тренерот Стефано Пиоли може да биде задоволен како се одвиваат работите засега, и покрај силните проблеми што ги има овој тим со повредите и отсуствата на играчите.

„Првото полувреме беше катастрофално. Бевме лоши, не игравме. Беше многу тешко од самиот почеток, но момците покажаа карактер“, рече Пиоли.

„Во второто полувреме моравме да се подобриме и тимот покажа зрелост. И после тоа почнавме да играме добро. Зрелоста и стабилноста се она што ни треба. Ако сакате да се стремите кон голем успех, прво треба да се справите со малите нешта“, додаде тренерот на Милан.

„Ова е многу важна победа, може да биде дополнителен ветер во грбот на тимот пред следните натпревари“, додава Пиоли, чиј тим ќе гостува во Болоња следниот викенд.

Реклама

Facebook

Реклама