Connect with us

Фудбал

Тренерот на Милан не е задоволен од гол-сушата во Лигата на шампионите

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е незадоволен од голгетерската суша на неговиот тим во Лигата на шампионите. Италијанската екипа нема постигнато гол на четири последователни натпревари, вклучувајќи ги и двете полуфиналиња минатата сезона против Интер.

Синоќа Милан заврши со 0:0 на гостувањето кај Борусија Дортмунд. Росонерите по првите две кола во групата Ф имаат гол разлика 0-0.

Ни недостигаше ефикасност пред противничкиот гол и во првото полувреме технички не бевме совршени. Штета, сакавме да победиме на овој натпревар“, изјави тој за Prime Video.

„Тоа беше европски натпревар со многу напаѓачки моменти. Се обидуваме да ги внесеме нашите идеи во игра бидејќи во Европа темпото е високо. Тие се силен тим, но ние добро се снајдовме“, додаде Пиоли.

Милан следно гостува кај Пари Сен Жермен на 25 октомври, додека Борусија Дортмунд игра со Њукасл.

„Ќе ни треба многу концентрација и знаеме дека отсега немаме простор за грешка бидејќи групата е многу тешка. Од самиот почеток беше јасно дека ова е најтешката група во однос на квалитетот на екипите. нивото е многу високо и следниот меч со Пари Сен Жермен ќе биде многу важен“, коментира Пиоли.