Connect with us

Кошарка

Трет пораз за Карпош Соколи во ФИБА Евро купот

Кошаркарите на Карпош Соколи го забележаа и третиот пораз во рамките на групата Х од ФИБА Еврокупот. Тие вечерва загубија од унгарскиот тим Фалко Вулкано со 108:87 (31:27; 33:22; 19:24 и 25:14).

Во слабото прво полувреме на Карпош Соколи домашниот тим постигна 64 поени, а единствено во третиот период македонскиот тим беше резултатски подобар.

Најефикасен кај Карпош Соколи беше Џејлон Браун со 23 поени, додека на дуелот најпрецизен беше Александар Пустахвар со 24 поени.

Утре се игра вториот дуел од оваа група меѓу Солнок и Нижни Новгород.

Табела: Нижни Новгород 2-0 (победи-порази), Фалко Вулкано 2-1, Солнок 1-1, Карпош Соколи 0-3.

Во следното коло Карпош Соколи на домашен терен игра со Солнок.