Фудбал
Трето реми за Милевски, Македонија ги подели бодовите со Романија во Скопје
Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одигра натпреварот од шестото квалификациско коло за СП во Катар 2022. година. Нашата репрезентација ремизираше без голови (0:0) против Романија.
Натпреварот започна без големи промени од страна на новиот селектор на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски. Но, со големи ковид протоколи и правила. Па на арената „Тодор Проески“ во Скопје место имаше само за 6.000 гледачи.

Во 34. минута од натпеварот Елиф Елмас имаше одлична шанса, но резултатот остана непроменет. На стадионот во Скопје можевме да видиме отворена игра каде репрезентациите на Македонија и Романија се надигруваа.
Во 43. минута од натреваророт Дарко Чурлинов имаше одличен дриблинг во шеснаесетикот, но голманот Нита излезе и го затвори голот.

На самиот крај на првото полувреме, Енис Барди ја имаше и последната шанса, но топката заврши над голот.
Во 48. минута од натпреварот, слободен удар за Македонија од одлична позиција за Барди, но топката заврши во живиот ѕид.
Елиф Елмас во 53. минута од натпреварот имаше одличен соло продор низ одбраната на Романиј, меѓутоа неговиот удар го запре одличниот Нита.

71. минута од натпреварот Мартин Разван се обиде од далечина, Димитриевски го одбрани неговиот удар, а одбиената топка дојде до Кордеа кој со глава се обиде да ја затресе мрежата, но топката заврши во гол аут.
73. минута повторно Барди имаше шанса да ја донесе Македонија во водство, но сепак резултатот остана 0:0.
Нашите фудбалери се обидуваа на секој можен начина да дојдат до погодок, но сепак резултатот остана 0:0.