Connect with us

Фудбал

Тревникот на Вембли како ораница – како ќе снајдат фудбалерите? (ВИДЕО)

Комерцијалните содржини , кои последниве денови се одржаа на најпознатиот британски стадион ,го оштетија тревникот, така што Манчестер и Тотенхем вечерва ќе играат на преоран терен.

Дерби натпреварот на Премиер Лигата ќе се одржи токму на Вембли , каде фудбалерите ќе мора да покажат голема вештина за да ги избегнат дупките и раскопаните делови од теренот.

Во последните 24 часа , работниците се обидоа да ја поправат состојбата , па сепак ниту оддалеку на Вембли нема услови за нормален натпревар.

Причина за тоа е што вчера на стадионот се одигра натпревар на НФЛ меѓу американските клубови Џексонвил Џегуарс и Фоладелфија Иглс.

Најмногу е оштетен централниот дел каде нема трева , а дупките се пополнуваат со песок.

Инаку , Вембли најмногу настрада пред неколку недели каде среде тревникот беше поставен рингот и седиштата за боксерскиот меч меѓу Антонио Џошуа и Александер Поветкин.

https://youtu.be/uhvt2B5Hv08