Фудбал
Три победи на домашните екипи во петте дуели во Бундес лигата
Во фудбалскиот шампионат на Германија попладнево беа одиграни пет натпревари, а три од нив завршија со победи на домашните екипи.
Предноста на домашниот терен ја искористија Хофенхајм, кој со 2-0 го победи Шалке, РБ Лајпциг, кој во дуелот против Ајнтрахт славеше со 2-1, како и Мајнц, кој своите симпатизери ги израдува со минималната победа над Херта со 1-0.
На останатите две средби немаше голови, па дуелите Вердер – Фрајбург и Штутгарт – Аугсбург завршија 0-0.
Денешната програма во Бундес лигата ќе биде заокружена со дуелот Борусија Дортмунд – Борусија Менхенгладбах.