Connect with us

Кошарка

Три последователни порази за Кливленд, Џејмс не е многу засегнат по лошиот старт

Леброн Џејмс не е фрустриран од лошиот старт, велејќи дека сезоната штотуку започна.

Кливленд ноќеска загуби од Њујорк со 114:95 и го запиша четвртиот пораз од почетокот на НБА шампионатот.

Не треба да паничиме. Точно е дека лошо стартувавме, но сезоната е долга и има уште многу да се игра. Се уште сме октомври. Сум бил многу пати во вакви ситуации. Најголем проблем ни е лошата одбрана и воопшто формата за која верувам дека ќе ја подобриме во брзо време. Да гледаме напред и позитивно и работите ќе си дојдат на свое место, истакна Џејмс.

Во моментов Кливленд се наоѓа на 10. место во Источната конференција со биланс три победи и четири победи.