Connect with us

Други спортови

Трка на 10 километри во Скопје

Трка на 10 километри „Скопје трча“ во организација на Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи денеска во Скопје.

Стартот е од булеварот „Илинден“ пред фонтаната „Лотус“ во 9 часот.

Натпреварувачите ќе трчаат во правец на Скопје Сити мол, каде на семафорите кај улицата „Љубљанска“ ќе свртат полукружно и ќе се враќаат од другата страна на булеварот „Илинден“ до пешачкиот на Градско собрание. Повторно потоа ќе свртат полукружно и ќе трчаат во правец на Скопје Сити мол. Кај семафорите на улицата „Љубљанска“ ќе свртат полукружно и ќе се враќаат кај фонтаната „Лотос“ кадешто ја завршуваат трката.

„Скопје трча 10КМ“ е под покровителство на Агенцијата за млади и спорт.