Connect with us

Фудбал

Трката стартуваше, еден клуб со конкретна понуда и предност за Ериксен

Кристијан Ериксен од јуни ќе биде слободен играч. Неговиот договор со Тотенхем му истекува за шест месеци, па од денеска може да преговара со кого сака. Информациите велат дека во тек се разговори со Интер, кој сака по завршувањето на сезоната да го донесе во Милано.

Сепак, во трката се вклучи и ПСЖ па се чини дека италијанскиот тим нема да може да парира на финансиските услови кои му ги нуди. Наводно Ериксен добил понуда за договор до 2025-та со ПСЖ и годишна плата од 12 милиони евра.