Connect with us

Фудбал

Трогателна судбина на 19 годишен талент: Дебитираше за првиот тим во март, а неколку месеци подоцна му е ампутирана ногата

На талентираниот голман на Унион Берлин Беркин Арсланогулари (19) му беше ампутирана ногата откако пред неколку месеци му беше дијагностициран рак на коските. Арсланогулари ги помина сите помлади категории на клубот од Берлин, а за првиот тим на Унион дебитираше на 21 март годинава на пријателскиот натпревар против Магдебург. Но, не долго по неговото деби, тој доби страшни вести. Лекарите му рекле дека боледува од рак, па веднаш почнал со хемотерапија. Сепак, терапиите не помогнаа, па мораше да му се ампутираат левата потколеница за да се запре прогресијата на болеста.

„И покрај сите обиди и хемотерапија, ракот не можеше да се победи, а за да се спаси неговиот живот, на Беркин мораше да му биде ампутирана ногата“, изјавија од Унион Берлин.

Арсланогулари зборуваше по операцијата и им се заблагодари на сите за поддршката.

-Веќе надминав многу пречки во мојот живот, а сега ќе се борам против оваа болест со сите средства што ми се на располагање“, изјави младиот голман.

Покрената е и хуманитарна кампања за собирање пари, со цел да му се помогне на младиот голман и неговото семејство во понатамошниот процес на лекување и рехабилитација.