Connect with us

Фудбал

Цела Англија удри по Матиќ, а тој со овој одговор им ги затвори устите: „Ми ја бомбардиравте земјата, нема шанси да го носам ова“

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ, требаше да оддаде почит на загинатите англиски војници во првата светска војна, но одби да го направи тоа.

Репрезентативецот на Србија на вчерашниот дуел на Манчестер јунајтед и Борнмут (2-1) немаше цвет на градите, со кој традиционално се оддава почит.

Овој потег на Србинот налути многумина во Англија, додека во клубот беа изненадени со тоа.

Српските медиуми пишуваат дека Матиќ пред дуелот одбил да му го залепат цветот на дресот и објаснил зошто не сака да го носи.

„Ми ја бомбардиравте земјата, нема шанси да го носам ова. Ако треба, подготвен сум веднаш да го напуштам тимот и Англија“, кажал Матиќ.

Но, на теренот се појавил без цветот, кој инаку не е задолжително да се носи, па Фудбалскиот сојуз не ги казнува фудбалерите за тоа.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com