Connect with us

Фудбал

Цената паѓа, ќе се врати ли Герет Бејл на Островото?

Одамна се пишува дека Герет Бејл ќе замине од Реал Мадрид. Секако, шпекулациите станаа посилни откако беше отстранет од денешниот тренинг. Сите можат да претпостават дека причината е недисциплината.

Велшанецот има договор до 2022 година, годишно заработува 15 милини евра. Неговиот агент Барнет тврди дека Бејл ќе го одработи договорот до крај, но Шпанците сакаат тој да замине.

Сега вреди 55 милиони фунти, што е достапна цена за премиерлигашите. Манчестер Јунајтед и Тотенхем се во првите редови и со најмногу шанси.