Connect with us

Кошарка

Црна Гора: Јавно да извинување до Мајкл Џордан

Црногорскиот политичар Драган Иванчевиќ пред почетокот на денешната седница на општинскиот совет на Будва побарал дневниот ред да се дополни со јавно извинување на локалниот парламент до легендата Мајкл Џордан.

Причината, како што пренесуваат тамошните медиуми, е тоа што градоначалникот на Будва во едно гостување на локална ТВ изјавил дека во хеликоптерската несреќа загинал Мајкл Џордан, секако мислејчи на Коби Брајант.

Иванчевиќ својот предлог го правдал со тоа што на легендата Мајкл Џордан денеска му е 57-ми роденден и дека често пати претстојува на Вест Палм Бич на Флорида, која е збратимен град со Будва.

Неговиот предлог секако беше одбиен од претседателот на општинскот совет.