Connect with us

Фудбал

„Црвена револуција“ на Клоп, две одлични засилувања, но и продажба на најдобриот?!

Јурген Клоп го продолжи договорот со Ливерпул, веднаш тргаа информациите околу нови играчи и револуции. Медиумите пишуваат дека освен Минамино од Салцбург, ќе дојдат уште играчи. Ловрен, кој е повреден, ќе биде продаден, но можно е и продажба на Мохамед Салах кој не бил во добри односи со Клоп.

Англиските медиуми пишуваат дека Ливерпул сериозно размислува за Кулибали од Наполи и Нејмар од ПСЖ. Би вложиле голема сума на пари, но исто така голем дел би вратиле со продажбата на Египќанецот.

Нема сомнение дека со Кулибали и Нејмар Ливерпул навистина би изгледал страшно.