Connect with us

Фудбал

Тухел за роденденската забава на Нејмар: Лош начин да се подготвите за натпревар

Нејмар нема да настапи вечерва против Нант поради повреда. Во саботата го одигра целиот меч против Монпелје (5:0), но во текот на првото полугреме побара лекарска помош и се жалеше на повреда на реброто.

Тренерот на ПСЖ Томас Тухел во пресрет на овој меч изјави дека подготовките за Нант не биле како што треба, алудирајќи на тоа дека неколку фудбалери присуствувале на забавата на Нејмар по повод неговиот 28-ми роденден.

-Дали тоа е најдобриот начин да се подготвите за меч? Не, очигледно дека не. Дали тоа е најлошата работа на светот? Не. Секогаш ги штитам играчите и навистина го сакам мојот тим. Со оваа журка малку е тешко да ги заштитиш играчите, но не е се така црно и бело. Штета, бидејќи им даваме прилика на луѓето да зборуваат лошо за нас. Мораме да се прилагодиме на ситуацијата, но нема да го оставам играчот на клупа или дома само затоа што бил на забава, вели Тухел.

Во отсуство на Нејмар, нападот ќе го предводи Мбапе, фудбалер со кој Тухел имаше расправија крај аут линијата на мечот со Монпелје кога одлучи да го извади од игра.

-Не е ништо лично. Тоа се случува. Тоа се случи помеѓу играч кој не сакаше да го напушти теренот и тренер кој имаше причини за својата одлука и кој сакаше да им пружи шанса на играчите кои ја заслужуваат, изјави Тухел.