Connect with us

Фудбал

Турски клуб нуди 200 илјади евра за новиот македонски „дијамант“ од Вардар

Турскиот портал „Акшам“ тврди дека фудбалскиот клуб Кашимпаша е сериозно заинтересиран во своите редови да го донесе 19-годишниот фудбалер на Вардар Али Адем. Според информациите на истиот медиум, тие се убедени дека за 200 илјади евра во јануарскиот преоден рок би можеле да го откупат младиот фудбалер.

Претставник на клубот Кашимпаша Серкан Речбер го следел во живо Али Адем на мечевите со Борец и Работнички и по она што го видел дал „зелено светло“ за негов ангажман.

Интерес за неговите услуги порано пројави и Фенербахче.