Connect with us

Фудбал

Уапсен фудбалер на Јувентус: Мафијата му го запалила автомобилот, а тој завршил во затвор поради напад на поранешната девојка

Мохамед Ихатарен повторно е во неволја. Како што пренесуваат холандските медиуми, младиот фудбалер на Јувентус е уапсен.

Ихатарен беше приведен за време на неговата роденденска забава во Амстердам во неделата, под сомнение дека ја нападнал поранешната девојка.

Според официјалните информации, сослушан е 21-годишен маж кој е во притвор за наводно семејно насилство.

Како што се додава, полицијата упаднала и во куќата на талентираниот фудбалер и ги пребарала неговите работи.

Ова е само еден од низата проблеми на Ихатарен, чиј автомобил вреден 180.000 евра беше запален минатата година. Полициската истрага подоцна откри дека мафијата е одговорна за овој инцидент.

Едно време изјави дека размислува да стави крај на кариерата поради депресија.

Младиот фудбалер потпиша договор со Јувентус во 2021 година, но веднаш беше испратен на позајмица во Сампдорија, додека оваа сезона беше позајмен во Ајакс.