Убавата украинска манекенка Дарија Кирлиук беше брутално претепана во Турција.
Кирлиук има 24 години и е девојка на турскиот фудбалер Баран Гунес, таа била претепана заедно со него и некои други пријатели на плажа од страна на обезбедување.
Таа реши да објави фотографија на Инстаграм на која се гледа нејзината состојба по конфликтот и испрати порака:
“Не сакам да молчам. Сакам да кажам што се случи со мене, моето момче и нашите пријатели. Бевме нападнати од чуварите на плажата. Четири девојчиња, меѓу кои и јас, беа удирани по лицето а момчињата од групата беа сериозно повредени. Им рековме се на полицијата“, напиша таа.
Патем, раководството на плажата тврди дека групата во којашто била и манакенката се бореле едни со други, и дека припадниците на обезбедувањето само се обиделе да ги разделат.
Дарија се смета за една од најпопуларните модели во Украина и овој случај резонираше кај тамошната јавност.