Connect with us

Фудбал

Убедлива победа на Барселона, на табелата со +15 во однос на Реал Мадрид

Во натпреварот од 27. коло во шпанското првенство, Барселона гостуваше кај последнопласираниот тим во лигата Елче и го искористи за убедлива победа од 4:0 и бегство на навидум недостижни 15 поени разлика над второпласираниот Реал Мадрид. До крајот на сезоната има уште дванаесет кола.

Реал има натпревар помалку од Барса, но и празнина која тешко е за верување дека ќе успее да ја надополни. Барселона, пак, откако успеа да победи само два пати на последните 13 првенствени натпревари со повеќе од гол разлика, конечно „распали“.

Роберт Левандовски погоди во 20. и во 66. минута, меѓу стрелците во Ла Лига за прв пат од октомври минатата година и по 14 последователни натпревари, во 56. минута се приклучи и Ансу Фати, а конечните 4:0 дојдоа во 70. минута по голот кој го постигна Феран Торес.

Колку што се поголеми шансите на Барселона за титулата по овој натпревар, толку на Елче се помали шансите да го дочекаат крајот на сезоната во првата лига. Ова беше 18. пораз сезонава за најнеубедливиот тим во шпанското првенство. Има само две победи.