Други спортови
Убиен 18-годишен талентиран боксер
Британската полиција отвори истрага за убиство на млад талентиран боксер, кој починал откако бил нападнат вчера околу 1:30 часот.
Како што пренесува „Мирор“, Конор Браун бил опишан како мошне добро момче, кое не би згазнал ни на мравка.
Осумнаесетгодишниот тинејџер им подлегнал на повредите во болницата, а еден осомничен е приведен.
-Конор го познавам десет години. Тој беше прекрасно мало момче кое секогаш се смееше. Сите го сакаа, изјавила негова пријателка.