Connect with us

Тајмаут

Убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев бил затвореник пуштен на слободен викенд

Убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев одлежувал казна затвор, а за време на убиството бил пуштен на слободен викенд, дознава „Макфакс“ oд извори во истрагата.

Се работи за 25 годишно машко лице, кое служело казна затвор во времетраење од шест години поради трговија со наркотични средства.

Полицијата сѐ уште трага по убиецот, а мотивите за убиството не се познати.

Дваесет и осум годишниот Мартин бил син на полициски службеник и брат на вработен во единицата Алфи. Тој беше застрелан вчера напладне околу 18 часот пред влезот на неговата зграда во скопската наслеба Аеродром. Дел од очевидците раскажаа дека врз него било стрелано 4-5 пати во пределот на главата и вратот.

Јанушев последно играше за клубот „Локомотива“, а претходно кариерата ја градеше во клубовите Маџари Солидарност и 11 Октомври.

Извор: Макфакс