Connect with us

Фудбал

УЕФА ги објави коефициентите, кој е најдобриот македонски тим?

УЕФА ги објави коефициентите на клубовите ширум Европа, односно најновата ранкинг листа.

Лидер е Реал Мадрид со 134 поени, Барселона е втора, трет е Баерн Михен, следува Атлетико Мадрид, а најдобрата петорка во моментов според УЕФА ја комплетира Јувентус.

Најдоброрангирам македонски клуб е актуелниот шампион Шкендија, која е на 150-то место во Европа. Вардар е на 224-то место, а останатите клубови заземаат позиции пониски од 300-то место.