Фудбал
УЕФА го демантираше богатиот договор со Емирати
УЕФА категорично ги демантираше наводите на шпански „ОКДиарио“, кој вчера пишуваше за потенцијален договор меѓу УЕФА и Обединетите Арапски Емирати. Имено, „ОКДиарио“ пишуваше за зделка вредна 2,2 милијарди колку УЕФА би заработила со продажба на одредени права на своите натпреварувања. УЕФА остро го демантира ова и тврди дека шпанските таблоиди шират невистини за УЕФА и дека оваа практика е се почеста како што се приближува денот на одлуката на Европскиот суд на правдата за случајот Суперлига.
Да потсетиме, Шпанците вчера напишаа: „УЕФА знае дека на 21 декември може да ја загуби тужбата пред Судот на Европската унија поврзана со Супер лигата и се договори со Абу Даби да ја спонзорира Лигата на шампионите. Тие сакаат да го направиме поатрактивен за клубовите и да избегнеме дезертирање во Супер лигата“, рече упатениот шпански новинар Едуардо Инда на „El Chiringuito de Jugones“.