Connect with us

Фудбал

УЕФА го кажа своето, на ред е Гвардиола, закажан најважниот состанок во Манчестер Сити

Манчестер Сити најави жалба против одлуката на УЕФА на Судот за спортска арбитража во Лозана. Доколку жалбата биде одбиена клубот нема да може да се натпреварува во сезоните 2020/2021 и 2021/2022 во Лигата на шампионите.

Договорот на Пеп Гвардиола со Сити му истекува во 2021, но има и клаузула која вели дека по завршувањето на оваа сезона може да го раскине договорот

Како што пренесува Би-Би-Си во среда ќе се одржи состанок помеѓу раководството на тимот и тренерот. Гвардиола претходно наводно им соопштил на пријателите дека не планира да замине и покрај суспензијата, односно дека нема да ја активира клаузулата, додавајаќи дека ако треба ќе го води тимот и во понизок ранг.

Останува да се види каков договор и одлука ќе бидат донесени во среда.