Connect with us

Фудбал

УЕФА го казни Хајдук со 42 илјади евра

Хајдук сезонава се „сопна“ на првото скалило во Европа. По два натпревари од третото прелиминарно коло на Конференциската лига, тој беше исфрлен од ПАОК. Мечот во Сплит заврши без голови, а во Солун Грците го казнија непрецизниот тим на Хајдук и го декласираа со 3:0. Сега пристигна и казн од УЕФА.

И покрај апелите на Хајдук, на мечот имаше многу пиротехнички средства за што клубот е казнет со 28.000 евра, а поради блокирани премини на трибините добија и дополнителни 14.000 евра. Вкупната казна е 42 илјади евра.