Connect with us

Фудбал

УЕФА квалификаци до 17 години: Македонија одигра без голови против селекцијата на БиХ во воведното коло

Македонската репрезентација до 17 години одигра нерешено против селекцијата на Босна и Херцеговина во воведното коло од УЕФА мини квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза. На тренинг центарот „ Петар Милошевски “ фудбалерите на Македонија одигра нерешено без погодоци

Првото полувреме не понуди добар фудбал, се играше доста борбено, пред се на средината на теренот. И двете репрезентации на моменти се обидуваа да се заканат по двата гола, меѓутоа Качавенда и Андов немаа потреба во ниту една ситуација да интервенираат.  Во првиот дел неколку добри потези имаше Јусуфов, крилниот фудбалер на Македонија кој и правеше најмногу проблеми на противничката одбрана.

Во продолжението од мечот нешто поотворена игра, особено на селекцијата на Босна и Херцеговина. Во воведните минути од второто полувреме, противникот преку Баџак и Хериќ се закани по нашиот гол. Пред самиот крај и Шариќ имаше добра прилика, меѓутоа без завршница. Избраниците на селекторот Станиќ одиграa добар натпревар, пред се во одбраната, противникот немаше премногу простор за игра. Конечни 0:0.

УЕФА мини квалификациски турнир за пласман во елитна фаза, Скопје.