Connect with us

SPORTM.mk

„УЕФА не се грижи за играчите, тие се грижат само за сопствениот џеб и не можеме повеќе да молчиме“

Белгискиот голман Тибо Куртоа жестоко ја критикуваше УЕФА откако Лигата на нации штотуку заврши.

Белгија не се прослави на завршниот турнир од ова натпреварување и на крајот го освои само четвртото место.

Оваа селекција вчера беше поразена во натпреварот за третото место од Италија со 2:1, а по натпреварот Куртоа беше во центарот на вниманието поради неговата изјава.

Искусниот голман жестоко ја критикуваше УЕФА поради пеколниот распоред што го имаат фудбалерите кои играат за клубови од најдобрите пет лиги и нивните репрезентација и рече дека за таа организација се важни само парите.

„Мораме да бидеме искрени и да кажеме дека само парите се важни во овој натпревар. Го игравме овој натпревар затоа што носи дополнителни пари за УЕФА. Погледнете колку двата тима го сменија стартниот состав само за да се одморат некои играчи, бидејќи ние играме навистина премногу натпревари“, рече Куртоа, додавајќи.

„Сега го имате ова ново натпреварување во Конференциската лига и секогаш е исто само се појавуваат нови натпреварувања. Можат да се лутат колку што сакаат, некои клубови ја сакаат Супер лигата, но тие не се грижат за играчите и се грижат само за нивните џебови Сега слушаме дека сакаат да игра или на Светско првенство или на Европско првенство секоја година. Кога ќе добиеме пауза? Никогаш“.

Куртоа смета дека било непотребно да се игра тој натпревар за третото место во Лигата на нации бидејќи тоа не носи ништо за репрезентациите, а само дополнителен замор за играчите. Тој исто така верува дека ќе има се повеќе повреди меѓу играчите.

„Најдобрите играчи ќе се повредуваат се почесто и ќе бидат надвор од теренот. Треба да се грижиме малку повеќе за тоа затоа што не сме роботи. Имаме повеќе игри и помалку одмор и никој не се грижи за нас. Следната година во ноември ќе играме Светско првенство, а потоа треба да играме во клубови до крајот на јуни. Никој не се грижи за нас и не е доволно да се одмара три недели годишно. Не смееме да молчиме бидејќи ако го направиме тоа се ќе остане исто“, додаде Куртоа.