Connect with us

Фудбал

УЕФА потврди: Нема навивачи на Шкупи за реваншот со Левски во Софија

Европската фудбалска централа презеде итни мерки за да ги спречи гостинските симпатизери од реванш натпреварот од второто квалификациско коло од Конференциската лига помеѓу Левски и Шкупи , што ќе се одигра на 3 август (четврток) во Софија.

Ова се случи како резултат на официјалното писмо на претседателот на Бугарскиот фудбалски сојуз, Борислав Михаилов, до раководството на УЕФА, во кое беше изразена загриженост за безбедноста и зачувувањето на јавниот ред за време на натпреварот, доколку на навивачите на Шкупи им се дозволи влез.

Заменик генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети, во официјална реплика упатена до Борислав Михаилов, информира дека европската централа недвосмислено ја оценува средбата во Софија како „висок ризик“, поради што веднаш била одржана средба со претставници на двете национални фудбалски федерации, два фудбалски клуба и претставници на УЕФА.

Од Шкупи е добиено уверување дека билетите за гостинските навивачи нема да бидат пуштени во продажба, а двата клуба се повикани јасно да и соопштат на јавноста дека натпреварот во Софија ќе се одржи без присуство на навивачи од Македонија.

Се надеваме дека натпреварот ќе помине без инциденти и би сакале да им се заблагодариме на клубовите и националните федерации за помошта“, се вели и во писмото на Џорџо Маркети.