Connect with us

Тајмаут

УЕФА спровела над 200 допинг тестови на репрезентативци во текот на годината

Фудбалерите кои ќе играат во плеј-офот од турнирот Лига на нациите, дале речиси 200 допинг теста, објави Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) пред првиот натпревар денеска.

Од централата објаснија дека собрале и анализирале 169 примероци од 92-ца играчи од Португалија, Швајцарија, Англија и Холандија во текот на годината. Други 20 теста се направени во хотелите на националните тимови по нивното пристигнување во Португалија, а тие ќе бидат прегледани по брза постапка до првиот судиски сигнал вечерва.

Од УЕФА додаваат дека сите тестови се извршени од лаборатории на Меѓународната антидопинг агенција (ВАДА) и се негативни. 84 примероци биле собрани по натпревари, а останатите 85 – на кампови или во домовите на фудбалерите.

УЕФА, исто така, повторно испита 19 тестови од 2015 година.