Connect with us

Фудбал

УЕФА жестоко ја казни Босна и Херцеговина

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина поради однесувањето на навивачите на натпреварите против Лихтенштајн и Португалија во квалификациите за ЕП 2024 година. УЕФА го казни сопјузот на БиХ со вкупно 66.000 евра, делумно затворање на стадионот за следниот натпревар на домашен терен и забрана за продажба на билети на навивачите за нивниот следен натпревар на гости.

Контролното, етичкото и дисциплинското тело на УЕФА ја казни Босна и Херцеговина со 20.000 евра и нареди делумно затворање на стадионот за следниот натпревар на домашен терен поради дискриминаторско однесување на нивните навивачи за време на натпреварот против Португалија. Тие се казнети и со 26.000 евра поради блокирање на премин, фрлање предмети и упад на теренот на натпреварот против португалскиот тим. Да потсетиме, за време на натпреварот, еден локален навивач истрча на теренот бидејќи сакаше да се фотографира со Кристијано Роналдо.

БиХ, исто така, беше казнета со 20.000 евра и забрана за продажба на билети на навивачите за нивниот следен натпревар на гости, поради ракети и огномети за време на натпреварот во Лихтенштајн на 13 октомври.