Connect with us

Фудбал

Умтити не сака да го напушти Камп Ноу

Самуел Умтити имаше потенцијал да стане еден од најдобрите стопери во светот. Сепак, големи проблеми со повредите доведоа до тоа што Барселона повеќе не го посакува, барем така пишуваат медиумите во Шпанија.

Барселона би била многу среќна ако го продаде Умтити, но тој не сака да го напушти „Камп Ноу“, пишува „Diario Sport“.

Наводно, Умтити е решен да го испочитва својот договор до крајот на летото 2023 година и да им покаже на челниците на клубот што е можно поскоро дека неговите повреди не го уништиле – да се бори повторно за место во почетниот состав.

Жерад Пике се уште е непобедлив во срцето на одбраната на Барселона, додека местото на Умтити го зазеде Ленглет. Иако веќе не е прв избор, Умтити има прилично висок приход, па Барселона би сакала да го олесни буџетот со продажба на истиот.

Таму е и младиот Роналд Араухо кој ја чека својата вистинска можност во првиот тим, а доколку Барселона реши да го „присили“, деновите на Умтити на „Камп Ноу“ би можеле да се избројат и покрај неговота голема желба да покаже дека тој сè уште важи и може да му помогне на тимот.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама