Фудбал
Унион три бода, Лајпциг се уште не вкусил победа оваа сезона
Во последниот саботен дуел од третото коло во Бундеслигата, Унион во Берлин го совлада Лајпциг и забележа победа од 2:1.
Унион сосема заслужено дојде до победата, се надоврза на овој успех во текот на сите 90 минути и го држеше Лајпциг во болка до крајот.
Голот за водство на Унион го постигна Џордан Сибачо во 32. минута по едноставна акција и проигрување на Бекер. Само шест минути подоцна, на многу сличен начин, дуото само ги смени улогите – Сибачо беше асистент, а Ширалдо Бекер.
Го проба Лајпциг, му донесе 13 корнери, што е рекорд за оваа сезона во Бундеслигата. Последниот им донесе гол. Раум нафрли, а Вили Орбан погоди за конечни 2:1.