Connect with us

Ракомет

Упорноста на Германците, хемијата на Норвежаните или силната Данска, кој ќе биде европски првак

Европското првенство, кое годинава се игра во три земји, Австрија, Шведска и Норвешка, започнува на 9-ти јануари, а ќе трае до 26-ти истиот месец. Неколку репрезентации се „гладни“ за успех и пехари, но ЕХФ направи листа на топ 6 селекции како главни фаворити за освојување на златниот медал.

Почнуваме од број шест.

  1. ГЕРМАНИЈА

Пред четири години, Германија го освои пехарот, но беа елиминирани во првата рунда во 2018 година. Амбициите уште еднаш се високи откако завршија на четвртото место на Светското првенство во машка категорија во 2019 година.

Многу прашина се крена околу селекторот Кристијан Прокоп, но сепак и покрај раното напуштање на ЕП во 2018-та, сепак преживеа на клупата на „Панцирите“.

Германија е во група со Шпанија, Летонија и Холандија. Не се очекуваат поголеми проблеми за следната рунда, но дали има сила за пехар, останува да се види.

  1. НОРВЕШКА

Норвешка беше домаќин на ЕП во 2008 година – но не успеаја да освојат медал. Всушност, тие никогаш не биле на подиумот на едно ЕП, нешто што ќе сакаат да го поправат на домашен терен.

Покрај тоа што поради повреда го загубија капитенот Бјарт Мирхол, сепак очекувањата се големи.

Десниот бек на Веспрем, Кент Робин Тоненсен, исто така ќе го пропушти турнирот поради повреда, но норвешкиот тим кој освои сребрен медал од Светското првенство 2019 година е практично непроменет.

Да се ​​има плејмејкер како Сандер Сагосен сигурно ќе помогне. Хемијата ќе биде клучна, а Норвежаните имаат многу од тоа.

  1. ШПАНИЈA

Арпад Штербик и Давид Балагер, овој пат ги нема, но шпанското јадро е се уште цело по освојувањето на златниот медал во Хрватска. Ветераните Агиналде и Ентрериос ќе бидат предводници на тимот. Тука се секако одличните Душебаев и Соле.

Во октомври, во рамките од Златната лига, Шпанија ја совлада Норвешка, но загуби на пенали од Франција.

  1. ШВЕДСКА

Под услов да стигнат до финалето, Шведска ќе одигра осум натпревари на домашен терен во три града – Гетеборг, Малме и Стокхолм.

Во Хрватска пред две години тие беа пријатно изненадување, стигнувајќи до финалето и водеа на полувремето против Шпанија, но не успеаја да издржат до крај.

Кога ЕП се одржуваше во Шведска пред 18 години, го освоија трофејот – и со четири трофеи на ЕХФ ЕУРО, еден повеќе од Франција, Шведска остануваат рекордери.

Кристијан Андресон ќе го предводи тимот на ЕХФ ЕУРО 2020, иако го презеде германскиот Рајн-Некар Ловен минатото лето и сега покрај репрезентативни, има и клупски обврски.

  1. ФРАНЦИЈА

France’s players react after the IHF Men’s World Championship 2019 Group I handball match between France and Croatia at the Lanxess arena in Cologne, on January 23, 2019. (Photo by Patrik STOLLARZ / AFP)

Франција има можност да ја помине Шведска по бројот на освоени пехари на европски првенства.

-Научивме од нашите грешки и сега сме на највисоко ниво , рече тренерот Дидие Динарт, откако Франција ги загуби своите последни две најголеми полуфиналиња на ЕУРО 2018 и СП во 2019 година.

Сепак, француската страна ја освои Златната лига во октомври и имаат искуство и сила да се натпреваруваат на највисоко ниво.

  1. ДАНСКА

Тренерот Николај Јакобсен ја напушти својата улога како тренер на Рајн-Некар Ловен да се посвети целосно на данската репрезентација.

Не мораше да направи суштински измени во составот кој го освои трофејот минатата година на Светското првенство, со клучни играчи како Микел Хансен, Рене Тофт Хансен, Расмус Лауг и браќата Ландин со цел да освојат уште еден златен медал на ЕХФ ЕВРО 2020 година.

Хансен, кој постигна 1000 голови за репрезентацијата, повторно ќе биде клучен играч.