Connect with us

Фудбал

Урнебесна снимка од ВАР ги запали социјалните мрежи-е ова не се гледа често (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Пуерто Кабело и Португеса во Венецуела заврши 0:0 и ретко кој би се грижел доколку не била една нереална грешка на ВАР системот. При резултат 0:0 во 86. минута Дарлон Родригез постигна гол за домашните, но со голо око беше очигледно дека е во офсајд. Тогаш стапи во игра ВАР системот и беше повлечена дијагонална линија која го стави Родригез во правилна позиција. За среќа, голот не беше признат, а овој кикс остана само урнебесен клип кој ја обиколи планетата. На крајот на краиштата, уверете се сами…