Connect with us

Тајмаут

Урнебесно: Светскиот тенисер ја учи неговата мајка за Инстаграм – не сакам да помислат дека си луда старица

Енди Мареј (32) и неговата мајка Џуди (60) станаа предмет на голем интерес на социјалните мрежи поради симпатичната порака која тенисерот ја испратил.

Имено, Џуди објави фотографија на Инстаграм на која беа наредени мандарини во форма на зборот „Hello“ (здраво) со порака „Како на мандарински се вели здраво?“

Сепак, тоа не го направила како што треба, бидејќи на фотографијата не се гледаа сите букви, па мораше да реагира Енди Мареј.

-Здраво мама, го направи тоа пак. Инстаграм е визуелна платформа, па доколку постираш фотографија со половина содржина нема да функционира. Ќе добиеш помалку лајкови и луѓето нема да те следат, што веројатно ќе биде паметна одлука од нивна страна. Ова изгледа како неколку мандарини кои се на масата. Не сакам луѓето да мислат дека си луда старица. Те молам обиди се подобро. Те сака твоето бебе. П.с ова е последно предупредување, пред да престанам да те слетам на Инстаграм, напуша Мареј.

На крајот Џуди мораше да постави нова фотографија, овој пат како што треба.