Connect with us

Фудбал

Уште не дошол во Милан, а веќе „војна“, Малдини со жестока порака до потенцијалниот нов менаџер

Техничкиот директор на Милан и еден од најголемите легенди на клубот од „Сан Сиро“, Паоло Малдини му порача на Ралф Рагник дека треба да ги научи основите на почитувањето.

Малдини се осврна на коментарот на Рангник дека сака да има менаџерска улога во тимот на Милан, односно дека сака да има влијание за да може сам да носи одлуки и да реагира брзо кога тоа ситуацијата го бара. Во превод, Рангник сака да се прашува за се.

-Никогаш не сум разговарал со Рангник и поради тоа не разбирам врз основа на што дал таква изјава. Исто така поради тоа што сопственикот се уште не ми кажач ништо. Имам совет за него, пред да научи Италијански, нека ги научи основите на почитувањето, бидејќи постојат колеги, кои покрај тешкотиите во овој омент, се обидуваат да ја завршат сезоната професионално, вели Малдини.

Токму Ралф Рангник беше причината поради која уште една легенда на Милан, Звонимир Бобан, се скара со раководството и доби отказ.

Рангник е прв човек на Ред Бул за развој на спортот и фудбалот, задолжен е за пред се за развој на клубовите во Њујорк и Сао Пауло, но истана и советник во Лајпциг. Директор на Милан Иван Газидис се обидува на сите начини да го донесе на „Сан Сиро“.