Connect with us

Тајмаут

Уште ова му фали на Балотели, спиел со малолетничка, па сега е на суд за сексуално насилство

Според дел од светските медиуми Марио Балотели го чека судски процес за сексуално насилство. Анонимна девојка го тужи. Според нејзиниот адвокат, летото 2018-та година, кога таа имала 17 години, имала секс со него, не по нејзина желба.

Но, девојчето прво тврдело дека е полнолетно, но подоцна признала дека е малолетна и дека има 17 години. Побарала од Балотели 100 илјади евра да не оди во полиција или целата сторија ќе ја објави во таблоидите.

Сепак, Балотели одбил да плати, па сега ќе оди на суд. Сето ова се случило во времето кога напаѓачот бил дел од францускиот тим Ница.