Connect with us

Фудбал

Уште ова му требаше на Интер, Хакими позитивен на Ковид неколку часа пред мечот од ЛШ

Италијанскиот  тим Интер соопшти дека новото засилување Хакими е позитивен на Ковид 19. Бекот на „Нероаѕурите“ нема да биде во комбинација за вечерашниот меч против Борусија Менхенгладбах во Милано. Тој веднаш ќе замине во изолација.

Претходно, поради истите причини за настап не се во комбинација Шкриниар, Бастони, Гаљардини, Наинголан и младиот голман Раду. Го нема ниту Весино кој подолго време е повреден.